Ријана донираше 5 милиони долари за борба против коронавирусот

By

32-годишната пејачка Ријана донираше 5 милиони долари преку својата фондација Clara Lionel за борба против коронавирусот. Фондацијата го носи името на нејзините баба и дедо. Ријана одлучила да поддржи неколку организации на кои им е потребна помош.

„Одговоривме на Ковид-19 со дистрибуција на 5 милиони долари за хуманитарните организации Direct Relief, Feeding America, International Rescue Committee, WHO, Partners In Health и Барбадос за опремување на заедниците со заштитна опрема, медицински потреби и храна во повеќе региони”, објавила фондацијата која Ријана ја основаше пред 8 години.

Една од целите е поддршка и финансирање на ефикасни образовни и здравствени програми и одговори на итните состојби ширум светот.

„Никогаш не било поважно и поитно да се заштитат и подготват маргинализираните и недоволно зачувани заедници и оние кои таа пандемија најтешко ќе ги погоди”, порачала извршната директорка на фондацијата Justine Lucas.

Организациите им помагаат на заедниците со донација на заштитни средства и медицинска опрема, а дел од донациите ќе се искористат и за помош во развојот на вакцина против коронавирусот, како и други методи во борбата против него.

 

Ќе ви се допадне