Ријана му се закани на амариканскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го тужи ако повторно пушта нејзина музика на неговите митинзи без дозвола. Со тужба се закани и издавачката куќа на Ријана, „Бродкаст мјузик инк“, која испрати писмо до Белата куќа.
„Не дозволуваме да ја користите музиката на г-ца Фенти, таа не му дала согласност на г-дин Трамп. Оваа употреба на нејзините песни е нелегална,“ стои во писмото.
Пред неколку дена Ријана преку „Твитер“ откри дека Трамп самоволно ја користел нејзината музика на јавен собир, а сега почнува и правна постапка.