Ријана купила респиратор за својот татко кој е болен од коронавирус

Ријана купила респиратор и го испратила кај нејзиниот татко Роналд (66), откако дознала дека тој е позитивен на коронавирус. Иако респираторот пристигнал во неговата куќа на Барбадос, тој не мора да го користи. По 14 дена тој бил отпуштен од изолациониот центар затоа што оздравел.

„Можев да ја почувствувам температурата во носот, на устата, чувствував треска насекаде… Искрено, мислев дека ќе умрам“, раскажал Роналд за „Сан“.

„Mојата ќерка секој ден ме проверуваше. Морам да кажам, многу ја сакам. Таа направи многу за мене, го ценам тоа што го направи,“ додал тој.

По стравот од смртта, Роналд им се обратил на следбениците: „Сакам сите да останат дома. Ова е сериозна ситуација. Посериозна отколку што мислат луѓето. Ве молам, останете дома“. Тој дури ја повика и локалната власт да престане со работа.

Досега на Барбадос се пријавени три смртни случаи на коронавирус, а Роналд бил еден од ретките заразени.

Фондацијата „Клара Лионел“ на Ријана најави дека ќе донира 5 милиони долари за да помогне во борбата против коронавирусот.

Scroll to Top