Ријана сè уште го сака Крис Браун, кој ја претепа пред 11 години

Светската музичка ѕвезда Ријана во интервју кај Опра Винфри призна дека сè уште вистински го сака своето поранешно момче Крис Браун, иако тој ја претепа пред 11 години. Таа во интервјуто рекла дека веројатно ќе го сака секогаш.

„Работевме на нашето пријателство. Сега сме многу блиски пријатели. Повторно ја изградивме довербата, и тоа е тоа – се сакаме и веројатно секогаш ќе се сакаме. И тоа не е нешто што некогаш ќе се промени. Тоа не е нешто што можете само да го исклучите. Мислам дека тој беше љубовта на мојот живот. Тој ми беше прва љубов. И знам дека и тој ме сакаше на истиот начин. Не станува збор дури ни за тоа да бидеме заедно. Но, јас навистина го сакам. Сакам да е среќен. Јас не сум мирна ако тој е несреќен или осамен“, рекла Ријана во поткастот Supersoul Coversations на Опра Винфри.

За потсетување, во 2009 година пејачот Крис Браун ја претепа Ријана, ноќта на доделувањето на наградите „Греми“ и ја остави речиси без свест. Тој беше осуден на условна казна од пет и пол години затвор и општокорисна работа. Исто така, му беше забранет пристап до пејачката. Но, таа сега потврди дека инцидентот не ја натерал да престане да го сака.

 

Scroll to Top