Рио Фердинанд ќе се венча во Турција со 13 години помлада ријалити ѕвезда

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец, Рио Фердинанд викендов ќе се венча со ријалити ѕвездата Кејт Врајт во Турција. Според пишувањата на британските медиуми, венчавката ќе се случи во луксузен хотел. На венчавката се поканети голем број гости.

Фудбалерот ќе се венча за првпат, по смртта на неговата сопруга Ребека, која почина пред четири години од рак на дојка. Семејтвото и пријателите на фудбалерот веќе се во Турција, а одземени им се телефоните за да не можат да фотографираат, вели близок извор до Фердинанд за британски „Сан“.

Фудбалерот и ријалити ѕвездата се во врска веќе повеќе од две години, а се верија во ноември минатата година. Рио Фердинанд ја запросил Кејт на кров на зграда во Абу Даби, а со нив биле трите негови деца, Лоренц, Тате и Тиа.

„Ми кажа да. Никогаш нема да ми биде јасно како овие три деца толку време ја чуваа тајната“, напиша Фердинанд на објавената фотографија од запросувањето.

Кејт работела како менаџерка пред да се појави во британското ријалити телевизиско шоу The Only Way is Essex. најголемата популарност ја стекна на социјалните мрежи на кои ја следат неколку илјади фанови. Дека поранешниот фудбалер ги сака жените сведочи и фактот дека британскиот Врховен суд пред неколку години утврди дека сопругата ја изневерил со минимум десет жени.

На списокот на жени на Фердинанд се најдоа манекенката Татијана Росалино, стриптизетата Корали Робинсон, стујардесата Лорен Алкорн и натпреварувачката во шоуто „Поп идол“ Сара Ватмор.

 

 

 

View this post on Instagram

 

The perfect end to our holiday … How could the answer not be yes❤️❤️

A post shared by Kate Wright (@xkatiewright) on

Scroll to Top