Рис Витерспун наполни 43 години: Сакам да стареам

Холивудската актерка Рис Витерспун го прослави својот 43. роденден.Во своите четириесетти години актерката се покажа како продуцентка, направи своја сопствена модна линија „Драпер Џејмс“ и стана исконски борец за правата на жените.

„Мислам дека во четириесеттите години сфаќате дека немате време за луѓето што го извлекуваат најлошото од вас или го намалуваат тоа што сте. До ова сознание доаѓаме со годините – и ова е убавата страна на стареењето. Навистина обожавам да стареам.  Имам поинакви ставови, сè ми е многу појасно, подобро сум насочена кон моите планови, знам зошто правам нешто, помалку импровизирам“, рече еднаш Рис.

Во 1999 година, таа се омажи со актерот Рајан Филип, со кого има две деца. Тие се разведоа во 2007 година.

Рис Витерспун има сопствена продуцентска компанија „Type A Films“ и е активно вклучена во здруженија за правата на децата и жените.

Scroll to Top