Рита Ора ја поздрави мајка си ѝ им се заблагодари на сите здравствени работници

Пејачката со потекло од Косово, Рита Ора, ја пофали својата мајка која работи како медицинска сестра и му го честита 72. роденден на здравствениот систем во Англија. Таа им се заблагодари на сите што храбро се бореа против коронавирусот.

Ора вели дека е свесна оти медицинскиот персонал во Англија, па и секаде во светот, работи прекувремено и е посветен за да им помогне на другите.

Таа ја пофали мајка си и напиша дека е горда на неа поради сето тоа низ кое поминала за време на пандемијата на коронавирусот. Таа објави фотографии во црно-бела боја и порача дека нејзината мајка не погрешила во изборот на професијата.

„Фала ви на сите здравствени работници за вашата извонредна работа во текот на пандемијата, но и пред тоа. Ќе ви се придружам и ќе прославиме. Толку сум горда и на тебе, мамо“, напиша Рита.

Пејачката воодушеви голем број од своите фанови со објавата, а многумина од нејзините пријатели ѝ се заблагодарија и дадоа целосна поддршка на сите оние што го даваат својот максимум во борбата против спречување на ширењето на коронавирусот.

„Кога сите би сфатиле колку работа тие завршија за нас, светот би бил едно многу поубаво место за живеење. Треба да се има на ум она низ кое тие минуваат секојдневно. Неверојатно колку си личиите. Ќе бидеш убава и во староста“, биле дел од коментарите на фановите на Рита Ора.

Scroll to Top