Роберт де Ниро ќе отвори филмско студио во Њујорк

Холивудскиот глумец Роберт де Ниро и неговиот син Рафаел, заедно со неколку други инвеститори купиле земјиште во Квинс во Њујорк, каде што треба да изградат ново филмско студио, Wildflower studios. Ова е втор обид на актерот да отвори големо филмско студио во Њујорк, пишува „Њујорк тајмс“.

Досега, земјиштето што го купиле беше во сопственост на познатиот американско-германски производител на пијано Steinway & Sons, кој имаше складиште таму. Изградбата на студиото се одвива во време кога филмските компании се селат во Њујорк поради поволните кредити што ги нуди државата, на што може да се заштеди и до 30 отсто од трошоците за производство. Лани во градот беа снимени 332 филмови, што е двојно повеќе од 1980 година.

Според „Њујорк тајмс“, 75-годишниот Де Ниро, засега ќе работои на независни филмови, а за неколку години сака да почне да продуцира и снима блокбастери.

Scroll to Top