Роби Вилијамс купи дворец од 24 милиони фунти во Швајцарија

Британскиот пејач Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд купија дворец во Швајцарија за 24 милиони фунти. Двојката и нивните деца Теди, Чарлтон, Коко и Бо првпат се преселија во Женева лани среде пандемија, а сега наводно одлучиле таму да живеат засекогаш.

„Роби и неговото семејство се воодушевени. Тие го сакаат ритамот на животот овде. Ги сакаат отворениот простор и езерото во близина. Оваа област е навикната на богати жители и нивната приватност целосно се почитува“, рекол извор близок до парот за британски „Сан“.

Роби (46) наводно склучил договор да го купи дворецот за време на партија голф со бизнисменот Николас Браншвиг.

„Роби е првокласен играч на голф и го сака местото. Тој се запозна со Браншвиг и тие се договорија. Набргу ќе се преселат тука засекогаш“, рекол изворот за „Сан“.

Scroll to Top