Британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс пред Божиќ ќе издаде нова песна со францускиот диџеј Боб Синклер. Тие работеа на песната „Еротико романтико“, откри Синклер за британсаките медиуми. Ова ќе биде прва песна на Роби, која не е од дел од неговиот последен албум што го издаде лани, The Heavy Entertainment Show.
„Песната има многу фанки труба. Тоа не е диско, туку е бавна, како песна дизајнирана за фестивали со виолински аранжмани. Има и малку од духот на Џамирикуај од раните ’90-ти години, поинакво е, навистина од она што го работел Роби. Роби е одличен, сакав да направиме нешто заедно долго време“, рекол Синклер за неговата соработка со Вилијамс.