„Ролинг стоунс“ ја исфрли песната „Браун шугр“ од репертоарот за американската турнеја

„Ролинг стоунс“ ја исфрли песната „Браун шугр“, еден од најголемите хитови, од репертоарот за американската турнеја. Одлуката беше пордаи вознемиреноста за описот на црните жени и алузиите за ропство во песната, која беше хит во Соединетите Држави во 1971 година. Кит Ричардс, гитаристот на легендарниот бенд, ја потврди одлуката за „Лос Анџелес тајмс“, но рече дека е збунет од луѓето што сакаат да ја закопаат песната.

„Зарем не разбраа дека ова е песна за ужасите на ропството?“, рече тој. Музичарот, кој има 77 години, рече дека се надева оти ќе успеат да го воскреснат славното бебе некаде по патот.

Пејачот Мик Џегер им рече на новинарите дека причината за испуштање на песната е тоа што е тешко да се состави сет-листа за концерти на стадиони.

„Ја свиревме Brown Sugar секоја вечер од 1970 година, па понекогаш мислите „ајде да ја исфрлиме и да видиме како изгледа“, рече тој. „Можеби ќе ја вратиме“, додаде Џегер. Со текот на годините Brown Sugar беше втората најизведувана песна на бендот по Jumpin ’Jack Flash, според Setlist.fm. Рок-групата последен пат свиреше на Мајами, Флорида, во 2019 година. Минатиот месец „Ролинг стоунс“ ја продолжи турнејата во САД, првпат без тапанарот Чарли Вотс, кој почина.

Scroll to Top