Ронан Китинг од некогашниот бенд „Бојзон“ стана татко по петти пат

Ирскиот музичар и член на бендот „Бојзон“ Ронан Китинг доби петто дете. Тој со својата сопруга Сторм Китинг го добија второто дете. Среќните родители веста ја споделија на социјалните мрежи и се пофалија дека добиле прекрасно девојче на кое ќе му дадат името Коко Кнокс Китинг.

„Поздрав до сите. Ви испраќам добро расположение во овие моменти, така што ви откривам дека добивме ќеркичка“, напиша Ронан на социјалните мрежи.

Ќерката ја добија во петтокот, но дури сега ја споделија веста. Двојката веќе го имаат синот Купер, а Ронан од претходниот брак ги има ќерките Миси и Али и синот Џек.

Ронан е член на поранешната популарна група „Бојзон“. Стром и Ронан се венчаа во 2015 година, а претходно беа три години во врска.

„Двапати ја запросив и фала богу, двапати ми рече да“, изјавил музичарот кој објаснил дека помогнал во дизајнирањето на свршенечкиот прстен.

 

 

 

Scroll to Top