Роуз Мекгоуан обвини холивудски режисер дека ја силувал

Глумицата Роуз Мекгоуан го обвини сценаристот и режисер Александер Пејн дека ја силувал кога имала 15 години, пренесува „Дејли мејл“. Таа беше првата глумица што го обвини и продуцентот Харви Вајнстин за сексуална злоупотреба и го почна движењето „И јас“ со кое многу жени открија дека биле злоупотребувани во Холивуд.

Роуз првпат говореше за силувањето во интервју за списанието „Кат“, тврдејќи дека оскаровецот ја однел дома и сексуално ја злоупотребил. Во тоа интервју таа не го спомна неговото име.

„Дома кај него тој ми пушти меко порно што го направил за ‘Шоутајм’, а потоа ме одведе во спалната соба и потоа имавме секс. На крајот ме одведе до улицата за да си одам“, рекла глумицата.

Таа вчера имаше неколку објави на Твитер во кои откри дека режисерот е Александер Пејн, кој доби оскар за филмот „Сајдвејс“. Таа вели дека од него бара извинување.

„Сакам само да ми се извини. Не сакам никого да уништам. Ова сум јас на 15 години“, напиша таа и објави нејзина слика од младоста. Таа напиша и дека по случката со Пејн, таа го напуштила Холивуд, но се вратила шест години подоцна, па почнала да добива улоги. Една од најпознатите ѝ е во серијата „Волшебнички“.

https://www.instagram.com/p/CEAS9S9hBr0/?utm_source=ig_embed

Scroll to Top