Руски милијардер ја тужи Наоми Кембел за милионите што му ги зела

Рускиот милијардер Владислав Доронин ја тужи Наоми Кембел за неколкуте милиони долари кои таа му ги зела додека биле во врска. Тој вели дека Наоми одбива да му ги врати парите кои ѝ ги позајмил додека биле во врска, а точниот износ засега не е познат.

Доронин и Кембел беа во врска од 2008 до 2013 година. Додека беа заедно, двајцата често биле видени на луксузни крстарења. Милијардерот ја возел со неговите приватни авиони и често ја носел на викенди во неговата луксузна вила на приватниот остров Клеопатра во Турција.

Зошто седум години по раскинувањето тој се одлучил да си ги побара парите назад, засега не е познато. Тој своето богатство го заработил на недвижности, а денес е сопственик и претседател на управата „Аман Ресорт“.

 

 

Scroll to Top