„Сакаме да ги ценат парите и работата“, славни родители чии деца нема да видат ни цент од нивното богатство

Од Елтон Џон па сè до Цукенберг, сè повеќе и повќее познати милионери се одлучуваат да не им остават на своите деца ниту еден цент од нивното богатство. Повеќето од нив велат дека на тој начин сакаат да ги научат на самосталност.

Глумецот Даниел Крег не е единствениот кој не планира на своите деца да им остави од своето богатство откако ќе умре. И децата на Џорџ Лукас, кој ја создаде серијата „Војна на ѕвездите“ и „Индија Џонс“, нема да добијат исто така ништо.

Неговото богатство изнесуваше повеќе од 6 милиони долари, откако „Дизни“ ги продаде правата на „Војна на ѕвездите“. Сепак повеќето од тоа тој веднаш го донираше во образовни цели.

Акцискиот глумец Џеки Чен, чие богатство се проценува на околу 350 милиони долари, планира сето да го донира. Неговиот син нема да добие ништо, затоа што, како што вели Џеки, ако е доволно способен, самиот ќе заработува.

Светскиот познат шеф Гордон Рамзи, нема да им остави ништо од своите 153 милиони долари, на своите пет деца.

„Тие пари дефинитивно нема да им ги дадам. Не го правам тоа од злоба, туку за да не бидат размазени“, рече Рамзи.

Во објавата од 2015 година, во која обзнани дека на свет ја дочека неговата ќерка Максим, основачот на „Фесјбук“, Марк Цукенберг, најави дека 99% од неговото наследство ќе го донира.

Во меѓувреме доби и син, а истото вели ќе се однесува и на него.

„Сакаме да пораснат во подобар свет од овој сега. Ќе работиме на тоа, не само затоа што ги сакаме, него и затоа што имаме морална должност кон децата на следните генерации“, напиша Цукенберг.

Брачната двојка Ештон Качер и Мила Кунис, кој заедно вредат речиси 300 милиони долари, исто така нема да им остават ништо на своите деца.

„Ќе ги дадеме сите пари во добротворни организации. Моите деца живеат привилегиран живот, а тие дури и не го знаат тоа“, рече глумецот во едно од своите интервјуа.

Музичарот Стинг објасни дека никој од неговите шест деца, нема да може да смета на неговите 300 милиони долари.

„Што и да заработам со мојата сопруга ние го трошиме тоа. Тие ќе мора да сработат за себе. Моите деца го знаат тоа и ретко ме прашуваат зошто. Тое е нешто што го ценам кај нив“, рече Стинг.

Со истото мислење е и Елтон Џон, кој на своите синови нема да им остави ни трошка од неговото богатство по неговата смрт.

„Тие не се нормални деца, ниту се преправаат дека се. Но, мораат да имаат некаков привид за нормалност и да ги почитуваат парите и работата“, изјавил Џон.

Scroll to Top