Саманта Маркл тврди дека Меган лаже и намерно глуми жртва

Саманта Маркл вели дека нејзината полусестрата Меган Маркл лаже во врска со тоа што ќе го каже за нејзиното семејство и дека намерно глумела жртва.

„Нејзиното однесување кон нашиот татко Томас е неприфатливо. Меган е таа која нема срце, затоа што ако го има таа не би се однесувала на овој начин. Меган би била милостлива и би се трудела да го измазни односот со нас“, вели Саманта.

Ваквите изјави на Саманта доаѓаат по излегувањето на документарниот филм Meghan and the Markles: A Family at War кој крена дополнителна прашина околу напнатиот однос меѓу војвотката од Сасекс и нејзиното семејство.

„Таа не е жртва, иако се претставува како таква. Нè нарекува лажговци, а таа е таа која ги измислува приказните. Го скрши срцето на нашиот татко.

Најмногу прашина во филмот се дигна со моментот кога Меган му испратила писмо на нејзиниот татко Томас Маркл, во кое таа го обвинува дека ја повредил и дека ѝ го скршил срцето со интервјуата што ги давал за медиумите.

Во таквите интервјуа, Томас го нападнал нејзиниот сопруг принцот Хари и давал лажни приказни за кралската венчавка.

Scroll to Top