Сандра Булок донираше 6000 заштитни маски за медицинскиот персонал во детска болница

Глумицата Сандра Булок и нејзиниот дечкот Брајан Рендал донираа 6000 заштитни маски за работници во детската болница во Лос Анџелес. Брајан на „Инстаграм“ објави фотографија од Булок и напиша дека идејата била на нејзините посвоени деца Луис и Лаила.

„Децата сакаа да подарат маски, па затоа 6000 ги подаривме на медицинските работници во “Adventist Health White Memorial” и детската болница во Лос Анџелес. Луис и Лајла не можеа подобро да изберат“, напиша Брајан.

Поради недостиг на заштитни маски и друга опрема ширум светот, глумицата се најде на листата на групата познати личности кои донираа медицинска опрема.

Раперите Џеј Зи и Мик Мил донира 100.000 хируршки маски како помош од својата организација Reform Alliance. Актерската двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа милион долари оброци ширум Америка, а Расел Вилсон и Сијера донираа милион оброци преку организацијата Food Lifeline од Сиетл.

Исто така серииите чии теми се медицината, како Grey’s Anatomy, The Good Doctor и The Resident, ја донираа својата медицинска опрема на болниците ширум Америка. За потсетување Сандра и Рендал се во врска од 2015 година, а својот приватен живот се обидуваат да го сокријат од очите на јавноста.

 

 

Scroll to Top