Сандра Булок, од девојче кое ја злоставувале во школо, до најплатена светска глумица

By

Холивудската глумица Сандра Булок во изјава за медиумите, откри детали од нејзиното тешко детство. Таа вели дека додека одела во школо во Нурмберг во Германија, нејзините соученици ја злоставувале, затоа што носела стара облека. Денеска таа е една од најплатените глумици.

Булок е родена во Арлингтон во Вирџинија, а поголемиот дел од детството го поминала во Германија. Вели дека знае течно да зборува германски јазик. Таму Сандра го поминала најтешките дел од својот живот. Кога била тинејџерка, ја изгубила мајка ѝ Хелга.

Хелга која работела како оперска пејачка, починала на 58. годишна возраст. Таткото на Сандра, Џон, бил учител по музичко, а нејзината помлада сестра Гесина била слаткарка. По смртта на Хелга, тројцата се преселиле во Вашингтон.

По завршувањето на факултетот Сандра се преселила во Њујорк, каде ја започнала својата кариера. Пред осум години таа влезе во Гинесовата книга на рекорди, како најплатена глумица во светот. Во тој период, Сандра вели дека не се надевала дека еден ден ќе стане славна глумица.

Сандра, која денес го слави 56. роденден, останала приземјена и кога станала славна. Се запишала на глума на Универзитетот во Источна Каролина, каде била прогласена и за кралица на матурата.

 

View this post on Instagram

 

Black Lives Matter. #BLM ❤️

A post shared by Sandra Bullock (@sandra.bullock.official) on

Многумина се сеќаваат на нејзините улоги во романтичната комедија While you were sleeping, од 1995 година, но малкумина знаат дека таа улога првично била наменета за Деми Мур.

За главната улога во филмот „Приказна за шампионот“ во 2009 година освои Оскар, а блокбастерот „Присила на брак“, „Специјална агентка“ и „Гравитација“ и донесоа огромна заработка. Булок подоцна ќе се омажи за Џеси Џејмс, познат во Холивуд како голем прељубник.

Џејмс постојано ги изневерувал своите партнерки со повеќе жени истовремено. Обожавателите често ја прашувале Сандра, зошто нејзините пријатели кои биле во тие кругови, не ја предупредиле за таквиот негов порок.

Таа успеала да се избори и за старателството над неговото дете од претходниот брак кој го добил со порно ѕвезда. Сандра вели дека не ја интересираат мислењата на другите, што се однесува до нејзиниот семеен живот и до ден денес тврди дека со добивањето на детето, ја направила вистинската работа.

Во 2010 година, откако неколку жени го обвинија Џејмс дека спиел со нив, во време кога бил во брак со Сандра, глумицата ги поднела барањата за развод. Џејмс објаснил дека е болен и дури и се пријавил во клиника за рехабилитација за да престане да биде зависен од секс.

Ќе ви се допадне

4Anime 4anime my hero academia: SK8 the Infinity Episode 12

WCOStream anime stream: Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? (https://wcostream.cc/m/L44N) Episode 12