Сара Хардинг од „Грлс алауд“ има рак на дојката

Сара Хардинг, пејачката на некогашната поп-групата „Грлс алауд“, објави дека има рак на дојката кој во меѓувреме ѝ се проширил низ телото. Триесет и осумгодишната пејачка на Твитер напиша дека болеста ѝ била дијагностицирана оваа година.

„Откако дознав дека имам рак на дојката ја примив и ужасната вест дека ракот се проширил. Моментно одам на неделни сесии на хемотерапија и се борам најсилно што можам“, напиша таа и првпат прозборе за болеста.

„Грлс алауд“ стана една од најуспешните женски групи на сите времиња откако беше формирана преку ТВ-шоу за таленти. Тие објавија пет албуми од 2003 до 2008 година и имаа 20 едноподруго топ-10 хитови во Велика Британија, вклучувајќи и четири на првото место. Групата се растури во 2013 година, по што Хардинг учествуваше во неколку реални шоуа.

Scroll to Top