Се мажи ќерката на Бил Гејтс по муслимански обичаи, свадбата ќе чини 25 милиони долари

Се мажи ќерката на Бил  и Мелинда  Гејтс. Нивната ќерка  Џенифер Кетрин Гејтс  (25) се мажи со  Најел Насар (30), милионер и професионален возач, кој по потекло е од Египет.

Во тек се подготовките за венчавката, што се чини дека ги натера Бил и Мелинда на кратко да се смират, бидејќи биле видени како разговараат заедно со гостите.


Целото семејство на Гејтс, Бил, Мелинда и двете деца Рори Џон Гејтс и Фиби Адел Гејтс  учествувале во овие подготовки. Се чини дека нивната организација оди според планот и дека атмосферата е целосно опуштена. Пробната венчавка се одржала во петокот под будното око на телохранителите кои сепак не успејале да спречат фотографиите да излезат во јавноста.
Церемонијата се одржува на голем имот во близина на Њујорк.

Имотот веќе некое време се подготвувал за венчавката, па луѓето со денови гледале камиони со голем шатор, мебел, осветлување и друга опрема. Работниците донеле харфа во шаторот, каде што ќе се организира коктел пред свеченоста, а гостите исто така ќе уживаат во гитари и пијано.

Коментарите на станарите во близина покажуваат колку луксуз има на венчавката на ќерката на Бил и Мелинда. “Скоро изградија цел мал град”, рекол сосед.

Станарите почнале да забележуваат дека нешто се подготвува уште пред една недела бидејќи морале да трпат многу бука, па се пожалиле. Со цел Гејтс да се извини, испратиле пакети со подароци до сите станари, во кои имало и скапо црвено вино.

Тие очекуваат пристигнување на 300 гости, а некои веќе проценуваат дека венчавката ќе чини до неверојатни 25.000.000 долари.

Најел ја запроси својата долгогодишна девојка Џенифер уште во јануари минатата година за време на скијање, и таа веднаш се пофали со нејзината свршувачка на Инстаграм.

Во венчаница на Вера Ванг се омажи ќерката на Бил Гејтс

 

Scroll to Top