Се огласи Том Хенкс од карантин

Холивудскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга, актерката и пејачка Рита Вилсон, се заболени од коронавирусот. Хенкс денеска се огласи на својот Инстаграм, со порака во која им заблагодари на луѓето и на поддршката што му ја пружиле.

„Рита и јас сакаме да ви се заблагодариме на сите што се грижите за нас. Имаме ковид-19 и во изолација сме, со цел да не заразиме никого. Во наша близина има луѓе кои доколку ги заразиме би можеле да имаат сериозни проблеми“, напишал Хенкс и додал: „Одиме ден по ден. Постојат работи кои сите можеме да ги направиме за да ја пребродиме оваа ситуација, така што ќе ги следиме советите на експертите и ќе се грижеме еден за друг. И запомнете, и покрај моменталните случувања, нема плачење во бејзболот“, вели актерот .

Scroll to Top