Британската пејачка Лили Ален (35) по една година врска се омажи за актерот Давид Харбор (45), пишува „Дејли мејл“. Тие се венчаа во капелата во Лас Вегас, а ги венчаше имитатор на Елвис Присли.
Сегашниот сопруг ѝ помагаше на Лили уште не почетокот на врската да се ослободи од пороците, па таа веќе една година не користи дрога и алкохол. Вели, тој е заслужен што живее нормален живот. Инаку, пејачката претходно зборуваше и дека седум години се борела со биполарно нарушување.