Се омажи Пени од „Бубалици“

32-годишната глумица Кајли Куоко, најпозната по улогата на Пени од серијата „Бубалици“, се омажи за Карл Кук. Глумицата се пофали на „Инстаграм“ дека се омажила и објави слика од венчавката. Таа носи панталони од тантела, а Карл носи класичен костум со бела кошула.

Карл и Кели се во врска од март 2016 година, а се свршија минатиот ноември, на нејзиниот роденден.

Ова е втор брак на глумицата. Таа претходно беше три години во брак со тенисерот Рајан Свитинг.

Scroll to Top