Се откажал од презимето за да не го препознаат – синот на Клинт Иствуд искрено за страста кон глумата

By

Синот на актерот Клинт Иствуд, Скот Иствуд, во едно од своите интервјуа напоменал дека не сакал да биде запомнат по богатството или поврзаноста со легедарниот актер, туку по неговата страст кон глумата. Освен советите кој ги добивал од татко му, тој вели дека за сè останато морал самиот да се избори и да заработи.

„Татко ми беше тежок човек. Не влегував премногу во расправии со него. Тој немаше направено ништо за мене. Тука беше да ми даде совет, но тоа е сè. За сето останато морав самиот да се потрудам“, вели Скот.

Кога се одлучил за актерската кариера, тој не добил никаква помош од неговиот татко. Актерот признава дека тоа што бил син на Клинт Иствуд, лошо влијаело на неговиот живот.

„Често морав да слушам коментари од типот: Ти си син на Клинт Иствуд, не си вистински актер“, вели Скот.

Актерот поради татко му се одлучил да го промени презимето. Го зел презимето на мајка му, за да не го препознаат на аудициите. Вели дека на тој начин сакал да го покаже својот талент без претходни коментари и осуди. Во некои од неговите најуспешни филмови, тој се појавува како Скот Ривс.

Скот вели дека Клинт Иствуд од екраните е прилично истиот човек и во приватниот живот. Минатото бил тежок период за него и за разлика од децата на холивудските ѕвезди кои се размазени и на кои им дозволено сè, тоа не било случај со него.

Клинт Иствуд бил строг кон него и неговите браќа и сестри за да ги дисциплинира, а подоцна да може да израснат како луѓе со цврст карактер. Од неколку краткорочни врски Клинт Иствуд има 7 деца и целиот свој живот се борел да одржи здрави односи со сите нив.

 

Ќе ви се допадне