Се породи Пипа Мидлтон

Сестрата на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, Пипа Мидлтон се породи денеска, пренесуваат британските медиуми. Таа и нејзиниот сопругот Џејмс Метјус добија ќерка Грејс Елизабет Џејн Метјус. Пипа и Џејмс веќе го имаат двегодишниот син Артур.

 

„Мајката и бебе се во одлична состојба. Бебето е совршено и сите се пресреќни за неговото доаѓање“, изјавил извор близок до кралското семејство.

Пипа и Џејмс се венчаа во 2017 година и во моментов живеат во Лондон. Пипа е година дена помлада од нејзината сестра Кејт, сопругата на принцот Вилијам.

Грејс е петтото внуче на родителите на Пипа, Мајкл и Керол Мидлтон. Таа е братучедка на трите деца на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот Џорџ (7), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2).

 

Scroll to Top