Се разведе глумицата Кејт Бекинсејл

Глумицата Кејт Бекинсејл по четири години разделеност и официјално се разведе од режисерот Лен Вајсман, пишува магазинот „Пипл“. Бекинсејл се омажи за режисерот на филмовите „Подземје“ во 2004 година, а се разделија кон крајот на 2015 година.

Вајсман поднесе барање за развод во октомври 2016 година, повикувајќи се на непомирливи разлики.

„Тие сè уште се пријателски расположени и поминуваат време заедно во Лос Анџелес кога е Кејт таму“, рекол близок пријател на режисерот за магазинот и додал дека меѓу нив „нема драма“.

Двојката се запозна во 2003 година додека работеле на првиот филм „Подземје“ што го режираше Вајсман. Тој претходно беше оженет со наставничка, со која се разведе во 2003 година. Бекинсејл, пак, претходно беше мажена со глумецот Мајкл Шин, од 1995 до 2003 година. Со него ја има 20-годишната ќерка Лили Мо.

Scroll to Top