Се разведува глумицата Кејли Куоко

Актерката Кејли Куоко (35), позната како Пени од хит-комедијата „Бубалици“ се раздели од нејзиниот втор сопруг, Карл Кук, по три години брак. Тие испратија соопштение до јавноста во кое потврдија дека веќе не се заедно.

„И покрај длабоката љубов и почит еден кон друг, сфативме дека нашите сегашни патишта нè одведоа во спротивни насоки. И двајцата споделивме многу од нашето заедничко патување со јавноста, и иако сакаме овој дел од нашиот личен живот да биде приватен, сепак ја заслужувате вистината. Нема лутина или непријателство, туку токму спротивното“, стои во изјавата.

Парот додаде и дека има огромна почит еден кон друг, но и дека нема да споделат дополнителни детали или да коментираат за разводот.

Познатат глумица се омажи за 5 години помладиот Кук на 30 јуни 2018 година. Таа претходно беше во брак со тенисерот Рајан Свитинг од 2013 до 2016 година.

 

Scroll to Top