Популарниот холивудски актер Џорџ Клуни се разведува со неговата сопруга Амал, пренесува светскиот таблоид Globe. Според пишувањето на светските медиуми, двојката во моментов се подготвува да се појави пред суд. Нивниот развод би ги чинел 500 милиони долари.
Џорџ и Амал се во брак пет години, а шестата годишнина треба да ја прослават во септември годинава. Но, времето поминато во карантин не им оди во прилог, пишуваат медиумите. Двајцата во моментов не се на работа и не ги извршуваат редовните обврски на кои се имаат навикнато. Тие сè почесто се караат, пишуваат медиумите.
„На Клуни не му се допаѓа тоа што Амал му наредува што да работи по дома. Од друга страна, на Амал не ѝ се допаѓа тоа што мора да чисти позади него“, вели извор близок до двојката.
Radar Online во февруари годинава пишуваше дека Клуни не се гледа премногу често со сопругата и децата и дека не се во најдобри односи. Меѓу бројните шпекулации во јавност, беше и тоа дека Клуни ја изневерил Амал со Џулија Робертс, а неодамна некои од таблоидите пишуваа и дека се гледа со Меган Маркл.
За да ги демантира шпекулациите, Клуни во интервјуата постојано одговараше дека се согласувал со Амал и дека нивната врска е идеална. Сепак, бројни медиуми почнаа да предвидуваат дека двојката наскоро би можела да ги предаде документите за развод, кој би можел да чини вртоглави 500 милиони долари.