Се разведуваат Џош Думел и Ферги

Пејачката Ферги и актерот Џош Думел пуштија соопштение дека се разведуваат по осум години брак. Двојката истакна дека се разделуваат како пријатели, дека работите помеѓу нив одамна не се како некогаш и дека уште пред неколку месеци решиле да му стават крај на бракот.

Ова за многумина не е изненадување ако се знае дека Џош ја изневери Ферги брзо пред свадбата, a и нивните пријатели одамна велат дека тие двајца никогаш немале ништо заедничко и дека се чудат како успеале да опстојат заедно толку долго.

Scroll to Top