Се самоуби Плејбој зајачица

Ешли Метили, поранешната зајачица на Плејбој почина на 33-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиното семејство. Таа оставила проштално писмо пред нејзината смрт, што потврдува дека станува збор за самоубиство.

„Те сакаме. Ќе ни недостасуваш. Летај високи сестричке, ти си најубавиот ангел во рајот“, напишала нејзината сестра на „Фејсбук“.

Телото на Ешли, која беше Мис март на Плејбој во 2011 година, е откриено три дена по смртта, кога нејзин пријател повикал полиција затоа што таа не му се јавувала, ниту му одговарала на пораките.

Семејство на Ешли откри дека таа со години се борела со алкохолизам и била жртва на злоставување. Некогашната Плејбиј зајачица беше во врска со Лејн Гарисон, sвезда на серијата „Закон на браќата“. Безбедносни камери пред неколку месеци го снимиле Гарисон како ја тепа. Тој тогаш се бранеше дека тоа го направил затоа што го таа му го украла мобилниот телефон па поминал два месеци во затвор пред да биде пуштен на условно. Гарисон не се огласил по повод нејзината смрт.

 

Scroll to Top