Се смирија Анџелина Џоли и Бред Пит

Холивудската глумица Анџелина Џоли се смири со нејзинот поранешен партнер Бред Пит, пишуваат светските медиуми. Поранешната двојка ги оладила односите по бурниот развод, кој заврши со договор за заедничко старателство над нивните шест деца.

Од пред три години, од кога почна нивниот развод, Џоли не сакала да има никаков однос со Бред. Добитничката на Оскар кон својот поранешен партнер чувствувала горчина и сметала дека животите на нините шест деца тргнале наопаку. Сепак од неодамна двајцата се смирија, а Бред купил и вила покрај домот на Анџелина за да биде во близина на децата.

Неодамна поминал и повеќе од два часа заедно со нив. Поранешната холивудска двојка ги изладија односите и одлучија да останат пријатели, пишуваат таблоидите.

„Разводот беше навистина комплициран. Пред крајот на мојата врска со Бред не можев да се препознаам. Како да изгубив дел од себе. Станував се помала, поневажна, иако тоа не го покажував во јавност“, изјавила Џоли и додала дека Бред порано вистински ја повредил.

Бред и Џоли имаат шест деца, синовите Мадокс, Пакс и Кнокс и ќерките Захара, Шила и Вивиен. Глумицата во последно време се поретко се појавува во јавност, додека бројните папараци секојдневно го следат нејзиниот чекор. Некои од нив успеаа да ја снимат со нејзината ќерка Вивиен и телохранителот.

Scroll to Top