Се вери глумицата Џена Деван

Глумицата Џена Деван се вери со Стив Кази, неколку месеци откако откри дека е бремена. Таа на „Инстаграм“ објави видеа и слики од запросувањето, на кое присуствиувале и неколку нивни пријатели.

„Цел живот да сакам и да растам со тебе… го имаш моето срце,“ напиша 39-годишната актерка и танчерка и го покажа дијамантскиот прстен.

Ова ќе биде втор брак за Деван, која претходно беше мажена за глумецот Ченинг Тејтум. Од тој брак Џена ја има ќерката Еверли.

Scroll to Top