Се вери Кејт Хадсон по пет години врска, втор брак за холивудската глумица

Глумицата Кејт Хадсон се сврши со музичарот Дени Фуџикавапо пет години врска. Тие во 2018 година ја добија ќерката Рани Роуз. „Ајде да го направиме ова“, напиша Кејт на Инстаграм и го покажа свршеничкиот прстен.

Парот се запозна во 2016 година, а една година по врската Кејт изјави дека се чувствува како да го познава цел живот.

„Се знаеме одамна, а поради неговите сестри, кои ми се другарки, почнавме врска. Мислам дека и претходно ми се допаѓаше, но тајмингот беше лош за да почнеме врска. Работите конечно дојдоа на свое место, а јас сум пресреќна“, рече Хадсон во интервју во 2017 година.

 

Scroll to Top