Неодамна почна снимањето на последната, осма сезона од хит-серијата „Игра на тронови“, и фановите веќе се во исчекување на секој детаљ поврзан со серијата. Една од информациите што се проширија деновиве е дека секоја епизода од осмата сезона ќе чини најмалку 15 милиони долари. Минатата година секоја епизода чинеше 10 милиони.
Поради обемните снимања, големата екипа и долгиот процес на постпродукција, серијата ќе ја доживее својата премиера на почетокот на 2019 година, иако засега не се знае точниот датум.