Пејачката и актерка Селена Гомез (28) сака уште еднаш да ѝ даде можност на својата музичка кариера, пред да се повлече засекогаш од музиката. Таа смета дека луѓето не ја сфаќаат сериозно и не се грижат за песните што ги издава.
„Тешко е да продолжите да правите музика кога луѓето не ве сфаќаат сериозно. Има моменти кога се прашувам: Што е поентата? Зошто продолжувам да го правам ова?“, изјави таа за „Вог“.
„Мислам дека Lose You to Love Me беше најдобрата песна што некогаш сум ја објавила, а за некои луѓе, ни тоа не беше доволно. Мислам дека има многу луѓе кои уживаат во мојата музика, и поради тоа сум благодарна, поради тоа продолжувам, но следниот пат кога ќе направам албум, ќе биде поинаку. Сакам да го направам последниот обид пред да се повлечам од музиката.“
Селена рекла дека кога ќе прекине со пеење, ќе почне повеќе да снима филмови и серии.