Селин Дион: Навивав Леонардо ди Каприо да умре во „Титаник“

Пејачката Селин Дион во шоуто на Џими Фелон се пошегува дека навивала Леонардо ди Каприо да умре во „Титаник“, затоа што не сакала повторно да пее ако се снимало втор дел. Таа во филмот кој пред 22 години освои 11 Оскари, ја пееше насловната песна „Моето срце ќе продолжи“.

„Знаеш дека тоа беше многу одамна. Немој да ме доведуваш во незгодна ситуација. Што ако имаа намера потоа да го снимаат Титаник 2?“, му одговорила Дион на Фелон, на прашањето дали Лео можел да го преживее крајот.

Дион исто како и режисерот Дејвид Камерон, го дели мислењето дека ако Лео го преживал потонувањето на Титаник, филмот ќе изгубел секаква смисла.

„Во филмот се работи за смртта и разделбата. Лео мораше да умре. Мислам дека е глупо да се расправа за тоа, толку години подоцна“, изјавил славниот режиер Камерон во интервју за Vanity Fair.

 

Scroll to Top