Шекил О’Нил ќе пушта музика на хрватскиот остров Крк

By

Поранешниот американски кошаркар и НБА-ѕвезда на Орландо, Л.А Лејкерс и на Мајами, Шекил О’Нил, на 14 јули ќе пушта музика на хрватскиот остров Крк.

dobivaj vesti na viber

Тој се занимава и со диџејство и е највисокиот диџеј во светот.

Шекил или диџеј Дизел ќе пушта музика во новиот клуб „Дијамант“, кој се наоѓа на островот Крк. Поранешната НБА-ѕвезда има издадено неколку рап-албуми паралелно додека водеше спортска, но и филмска кариера.

Првиот негов албум е издаден во 2003 година со наслов „Шек Дизел“, кој беше продаден во над милион примероци и се најде на 25. место на „Билборд топ-листата“.

 

 

 

Ќе ви се допадне