Ирската пејачка Шинејд О’Конор за „Сан“ изјавила дека починатиот музичар Принс физички ја нападнал во неговиот дом во Лос Анџелес. Според пејачката, Принс бил пијан и ја бркал во дворот со перница, „наполнета со нешто тешко“ и сакал да ја удри. Таа во интервјуто рекла дека со музичарот, кој за неа го направи хитот Nothing Compares 2 U, се сретнале еднаш и дека таа средба ќе ѝ остане во страшен спомен.
„Тој се обиде да ме совлада, а јас се заштитував. Ова не е шега, воопшто не е шега, всушност беше многу страшно искуство. Не сакав тој да ми кажува што треба да правам, не му беше пријатно што не сум негов штитеник“, рекла Шинејд.
Пејачката тврди и дека не е единствена што Принс ја нападнал.
„Едно од девојчињата од неговата група беше во болница поради скршени ребра“, кажала таа во интервјуто.
За потсетување, Принс почина на 57-годишна возраст, во домот Пејсли Парк на 21 април 2016 година. Резултатите од аутопсијата открија дека починал од случајно предозирање со фентанил – наркотик 50 пати помоќен од хероинот.