Сиена Милер ја раскина и третата свршувачка

Глумицата Сиена Милер (38) ја раскина свршувачката со 9 години помладиот Лукас Звирнер, девет месеци откако тој ја запроси. Ова е трета веридба што ја раскинува британската актерка.

Извори блиски до парот велат дека актерката ставила крај на нивната врска. Тие беа заедно една година пред Лукас да ја побара за жена Сиена. Двојката ја чуваше врската приватна иако долго живееја заедно. Според пријатели на глумицата, тие планирале голема венчавка.

Сиена претходно два пати раскинуваше веридба. Првпат со актерот Џад Лоу, со кого беше верена неколку години, но додека беа заедно постојано раскинуваа и се смируваа заради неговите бројни измами што таа му ги прости.

Втората свршувачката беше со Том Стариџ, со кого ја има ќерката Марлоу, а со кого раскина во 2015 година.

Scroll to Top