Силвестер Сталоне (77) објави дека работи на сценарио на серијата која би била приквел на филмот „Роки“ од 1976 година, а која ќе ја понуди на стриминг-платформите. Ѕвездата на „Роки“ и „Рамбо“ на „Инстаграм“ објави фотографии од две рачно напишани страници.
„Ова можеби ќе биде најчудната објава досега. Утрово почнав да пишувам текст за приквел на ‘Роки’. Тоа ќе бидат десет епизоди за неколку сезони за да може да влезете во срцето на ликовите во помладите години. Се надевам дека ќе се оствари“, напиша Сталоне.
Сталоне направи голем пробив во Холивуд со боксерската драма „Роки“ за која го напиша сценариото и самиот беше номиниран за два „Оскара“.