Синот на Анџелина Џоли, Медокс, сведочеше против Бред Пит

Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, 19-годишниот Медокс Џоли Пит, сведочеше против неговиот татко за време на судењето во кое судијата треба да се одлучи на кого ќе му го даде старателството на децата на поранешниот холивудски пар.

Анџелина неделава поднесе нови докази пред судот во кој тврди дека додека Бред бил пијан, тој кон неа и децата се однесувал насилно. Во јавноста е познато дека Медокс и Бред не се согласуваат, а најголемиот инцидент се случил во 2015 година, кога речиси дошло до тепачка.

Ова и не е првпат Медокс да сведочи против својот татко. Тој и претходно на обвинителната клупа сведочеше против Бред Пит.  Извор близок до двојката открил дека тој во документите не го користел презимето на Бред, туку само она на Џоли, што е нелегално.

Луѓе блиски до актерот пак велат дека новите обвиненија на Џоли против Пит се само еден обичен обид за низок удар.

„Во последните четири години Анџелина да ги искористи децата за да го повреди Бред, а ова е само продолжение на таквото однесување. Нејзиниот четврти или петти адвокат се обидува само да му наштети на Пит, но, засега безуспешно“, изјави изворот.

Scroll to Top