Најпопуларниот германски метал-бенд „Скорпионс“ се најде на листата на 10 бендови со најпродавани светски турнеи во изминатите три месеци.
Според податоците на „Полстар“, „Скорпионс“ имал одлична продажба на билети и се изборил за топ 10 местото во друштво на Бруно Марс, Џеј Зи, „Ганс енд роузес“, Лејди Гага и групата „Квин“.
Еден од најспектакуларните и продукциски најбарани концерти ќе се одржи на 10 јуни во „Штарк арената“ во Белград, каде што Клаус Мајне и екипата ќе ги изведат нивните најголеми хитови: Wind Of Change,Still Loving You, Rock You Like A Hurricane, Send Me An Angel, Always Somewhere, Tease Me Please Me и многу други.
Претходно купените билети за декемврискиот термин на концертот, кој е поместен за јуни 2018 година поради болеста на пејачот Клаус Мајне, ќе важат за 10 јуни.