Светските ѕвезди ќе ги замрзнат своите инстаграм-профили за 24 часа во знак на протест поради говорот на омраза и големиот број дезинформации за изборите, кои се шират на оваа платформа.
Ким Кардашјан, Канје Вест, Кети Пери и Леонардо ди Каприо се само дел од групите што учествуваат во замрзнувањето на „Инстаграм“. Тие велат дека компаниите како „Фејсбук“ и „Инстаграм“ потфрлиле во ширењето на дезинформациите.
Сите тие ќе се вклучат во најновата кампања и преку движењето #StopHateforProfit“ ќе се обидат да придонесат за спречување на говорот на омраза шот се споделува на социјалните мрежи, пренесува „Асошиетед прес“.
Ова движење побара од сите луѓе да објават пораки преку кои ќе ја кренат свеста кај луѓето и ќе објаснуваат за штетата што ја прават „Фејсбук“ и „Инстаграм“ преку ваквиот начин на работење.
„Не можам да седам и да молчам додека на ‘Фејсбук’ и на ‘Инстаграм’ и понатаму продолжува да се шири говор на омраза од секаков вид, пропаганда и дезинформации. Овие вести ги споделуваат групи со цел да направат поделби во Америка“, објави Ким Кардашјан.
Од „Фејсбук“ одбиле да ги коментираат ваквите дејства, но од неодамна објаснија дека прават големи напори во обид да го ограничат влијанието на групите што поддржуваат насилство.
Тие велат дека прават сè што е во нивна моќ да ги заштитат изборите во САД, кои ќе бидат одржани во ноември.
Со 188 милиони фанови, Ким Кардашјан е една од највлијателните лица на „Инстаграм“. Ваквата нејзина реакција за бојкот предизвика пад на акциите на „Фејсбук“ за 1,3 %.