Слеш ги прослави своите петнаесет години без дрога и алкохол

Популарниот гитарист на „Ганс енд роузис“, Слеш, прослави петнаесет години без алкохол и дрога. 55-годишниот музичар отворено зборуваше за својата зависност од хероин и алкохол и откри дека решил да престане оти алкохолот му предизвикал срцеви заболувања.

Во својата биографија од 2007 година Слеш пишува дека првин решил да се откаже од дрогата, а потоа, кога главата му се расчистила малку, се пријавил на рехабилитација. Тој ги издржал сите триесет дена во клиниката за одвикнување и оттогаш е трезен.

Scroll to Top