Со години ја исмевале поради изгледот, Клаудија Шифер проговори за тешкото детство

Клаудија Шифер е една од најубавите дами во светот, а за тоа говорат и големиот број на нејзини ангажани на модните писти. Таа има 47 години, а ретко кој може да остане рамнодушен кога ќе се најде во нејзино друштво, пишуваат светските медиуми.

Сепак таа открива дека не секогаш животот бил мазен кон неа. Шифер вели дека кога била мала, нејзините другари постојано се шегувале на сметка на нејзиниот изглед.

„Во школо секогаш седев во последниот ред. Другите деца постојано се шегуваа со мене заради мојот задник, кој не беше како на останатите девојчиња. Бев многу слаба и повисока од останатите. Мислев дека тоа е лошо. Тогаш запознав скаут, кој ми рече дека можам да станам модел. Тогаш сватив дека моите мани всушност се предност во светот на манекенството“, открива Шифер.

Таа вели дека со скаутот се сретнале во еден клуб во Дизелдорф, кога имала само 17 години, а светската слава ја стекнала во деведесетите години кога ги освои модните писти и тоа во друштво на Синди Крафорд.

Scroll to Top