Сопругата на Џејми Оливер сака уште деца

Џулс, сопругата на британскиот готвач Џејми Оливер, неодамна рекла дека сака шесто дете. Џејми и Џулс веќе имаат пет деца: Попи (18), Дејзи (17), Петал (11), Бадија (9) и Ривер Рокет (3). И покрај тоа, Џулс сака да им се зголеми семејството.

„Сакам да продолжам да раѓам додека можам. Веројатно ќе престанам да размислувам за тоа кога ќе имам 50 години”, изјавила Џулс која сега има 45 години, Таа признала дека  е навистина исцрпувачки да се одгледуваат пет деца.

Џејми пак, изјавил дека нашол начин како да му се зголеми семејството.

„Во петок навечер ѝ подготвувам на жената јадење со кари, а потоа добива масажа на стапалата. Од таквите моменти се родија петте деца. Сакам да ја правам жена ми среќна и ако за тоа се потребни кари и масажа, тогаш се предавам целосно на тоа“, рекол познатиот готвач.

Scroll to Top