Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо е заразена со коронавирус

Непосредно откако држела говор на масовно посетен настан во Лондон, сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, Софи Грегоар Трудо соопшти дека е заразена со коронавирус.

Таа за време на посетата на настанот “We Day” во британскиот главен град се поздравила и фотографирала со бројни познати личности како што е актерот Идрис Елба и Формула 1 шампионот Луис Хамилтон.

Софи ги добила првите симптоми во Канада, неколку дена подоцна откако допатувала во Канада.

Во публиката на „Вембли“ на настанот имало дури 18 илјади луѓе, а Софи после говорот имала близок контакт со други говорници, меѓу кои и познатиот готвач Џејми Оливер, како и актерката од популарната телевизиска серија „Игра на тронови“ – Гвендолин Кристи.

Голем број на политичари во текот на изминатите денови соопштија дека се заразени или се во самоизолација откако биле во контакт со заразени. Меѓу нив се австралискиот министер за внатрешни работи Питер Датон, заменик министерката за здравство на Велика Британија, Надин Дорис, а во Иран дури има и многу починати високи функционери.

Според последните информации, сопругот на Софи, канадскиот премиер Џастин Трудо е во самоизолација и нема никакви симптоми.

 

Scroll to Top