Сопругот на Пинк за нејзината борба со короната: Таа има астма, едвај го издржа вирусот

Спортистот Кери Харт (44) раскажа за странските медиуми детали од борбата на неговата сопруга, пејачката Пинк (40) и синот Џејмисон (3) со коронавирусот. Вели дека Џејмисон е доказ дека никој не е имун на пандемијата.

– Беше напнато. Двајцата се разболеа. Мојот син имаше потешки симптоми, а тоа ја поби теоријата дека вирусот ги напаѓа само повозрасните луѓе. И мојата жена беше прилично лошо. Има астма. Коронавирусот и ги нападна белите дробови. Тешко дишеше – раскажа Харт во една радиоемисија.

Пејачката Пинк била во ризична група со оглед на тоа дека има астма, па била доста нервозна откако видела колку брзо се шири коронавирусот.

– Не излегувавме никаде, бевме потполно во изолација. Живееме во мал град и не сакавме да заразиме некого. Само бевме на доктор и на педијатар – кажал нејзинот сопруг.

Откако дозна дека е заразена, Пинк ја критикуваше владата за тоа што тестирањата не се достапни, а болеста е доста сериозна.

– Луѓето мора да знаат дека болеста влијае и на млади, стари, здрави и нездрави, богати и сиромашни, а тестирањето мораме да го имаме бесплатно и широко достапен, за да можеме да ги заштитиме нашите деца, нашето семејство, пријателите и нашата заедница – рекла Пинк.

Добрата вест е што Пинк и нејзиниот син се веќе оздравени од коронавирисот.

Scroll to Top