Соседите на Џорџ Клуни се жалат на бучавата поради куќата што ја гради

Холивудскиот актер Џорџ Клуни добил голем број поплаки и жалби од соседите, на кои им пречи бучавата што ја прават работниците кои ја градат неговата нова куќа.

Како што пренесуваат светските медиуми, тие го молеле да престане со работите. Клуни гради нова луксузна вила на неколку стотина метри од неговата моментална куќа. Тој вложил милиони долари за вилата, а планира да изгради уште три големи објекти.

Според пишувањата на „Сан“, соседите се жалеле од работата на градежниците, а неодамна е откриле дека изградбата на објектите ќе трае повеќе од половина година, нешто што дополнително ги налутило.

„Некои соседи се прилично бесни поради галамата. Премногу камиони се движат уште во раните утрински часови“, открива еден од соседите.

„Возачите на камиони ги паркираат своите возила точно пред нашите дворови, па понекогаш се случува да не можеме да излеземе со нашите возила“, се пожалил тој.

„Со нетрпение чекаме цалата работа да заврши, што и нема да биде така брзо“, додал тој.

 

 

Scroll to Top