Ветената турнеја на „Спајс Грлс“, што требаше да им донесе на пејачките по 30 милиони одржи, соопштија медиумите на Островот.
Се очекуваше групата да се обедини за неколку проекти, вклучувајќи и светска турнеја. Иако Викторија Бекам велеше дека нема да учествува во турнејата, останатите – Мел Би, Мел Си, Ема Бантон и Гери Хорнер, се надеваа дека нивниот менаџер, Сајмон Фулер ќе ја убеди.
– Тие имаа понуда за 150 милиони фунти, со концерт на стадионот „Вембли“. При овие услови дури Мел С која пред тоа не покажуваше желба, потпиша, рече неименуван извор за весникот. „Сан он сандеј“
Пред еден месец, Мел Би објави дека сите потпишале договори за нивно враќање. Плановите сепак бргу се промениле. Сега тие чувствуваат дека нивниот менаџер ги искористил, за повторно да се пишува за неговото име.